„Гранатирањето на мостот преку кој цивилите ја минуваат реката не е само светогрдие. Тоа уште еднаш докажува дека нацистите бараат жртви“, рече Стремусов, додавајќи дека во нападот биле уништени околу 10 цивилни возила.
Стремусов тврди дека Херсон се подготвува за украински напад: „Градот Херсон, како тврдина, ја подготвува својата одбрана“.
Украина, пак, евакуацијата на цивилите од Херсон ја нарекува „пропагандно шоу“.
Екатерина Губарева, проруска заменик-гувернерка на окупираната област Херсон, изјави за руската агенција РИА дека во нападот биле убиени двајца вработени во херсонската радио-телевизиска компанија Таврија.
Тие тврдења не се независно потврдени.
Руските сили со денови евакуираат цивили од градот Херсон, каде што се очекува контранапад на украинската армија. Планот е за шест дена да се евакуираат 50-60 илјади цивили, тврдат проруските лидери на Херсон, кој Русија заедно со уште три региони неодамна го прогласи за своја територија.