PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Северна Кореја ја одржа воената парада и го претстави најновото нуклеарно оружје

Apr 25, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Северна Кореја денеска ја одржа долгоочекуваната воена парада.

По повод одбележувањето на годишнината од основањето на армијата, се верува дека таа го покажала своето најново нуклеарно оружје на настанот, пишува „Ројтерс“, цитирајќи неименуван јужнокорејски воен извор.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап претходно објави дека Северна Кореја одржала парада на која биле прикажани некои од најновите ракети, вклучувајќи ја и нејзината најголема интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17, која за прв пат беше лансирана минатиот месец, пренесува „Ројтерс“.

Претходните три воени паради на Северна Кореја се одржаа ноќе, а државните медиуми за тоа известуваа дури следниот ден.

Севернокорејските државни медиуми не објавија дека денеска е одржана воена парада, иако опишаа други комеморативни настани, наведува британската агенција.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ