PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Северна Кореја: Не и доставуваме оружје на Русија, тоа се шпекулации

Nov 8, 2022

Северна Кореја денеска објави дека никогаш не правела бизнис со Русија во врска со оружјето и нема такви планови, откако САД тврдеа дека Пјонгјанг ја снабдува Москва со артилериски гранати за војната во Украина.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, претходно изјави дека артилериската муниција од Северна Кореја доаѓа во Русија како тајна пратка за Блискиот Исток или Африка и дека тоа е „значителен број артилериски гранати“, пренесе Ројтерс.

Официјален претставник на севернокорејското Министерство за одбрана ги нарече обвинувањата како гласини и рече дека Пјонгјанг „никогаш немал трговија со оружје со Русија“ и дека „не планира тоа да го прави во иднина“, објави КЦНА.

Во соопштението се наведува дека Пјонгјанг ваквите „гласини“ ги гледа како дел од „непријателскиот обид на САД да го наруши имиџот на Северна Кореја на меѓународната сцена“.

Секоја помош во оружје дополнително ќе ги продлабочи односите меѓу Пјонгјанг и Москва, чија изолација расте поради војната во Украина, а Северна Кореја е една од ретките земји што ја призна независноста на отцепените украински региони и изрази поддршка за нивната анексија кон Русија, пренесе Ројтерс.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ