Северна Македонија и Бугарија потпишаа Програма за соработка во областа на образованието и науката

Задоволство ми е што со денешното потпишување на програмата помеѓу Северна Македонија и Бугарија, двете земји и формално ја продолжуваат соработката во областа на образованието и науката и со тоа ги обезбедуваат континуитет на заложбите за унапредување на овие две општествени сфери, од кои, верувам сите сме согласни дека во многу голема мера зависи севкупниот општествено економски напредок и кај едните и кај другите.
Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири во Софија, по денешното потпишување на програмата за билатерална соработка во областа на образованието и науката со неговиот колега од Бугарија, Николај Денков.
„Верувам дека овој документ ќе ги зајакне пријателските односи и довербата помеѓу двете соседни земји и дека целосно ќе го ефектуираме во периодот за кој ќе се однесува, а тоа е до крајот на 2025 година“, рече Шаќири, образложувајќи дека програмата предвидува вмрежување на образовни и научни установи и мобилност и стипендирање на престои на научници и истражувачи кои преку размена на искуства и нивна примена во двете земји, ќе унапредат важни аспекти и на образованието и на науката. Се очекува и воспоставување на соработка за реализација на бројни заеднички проекти во рамки на европските образовни програми.
„Посакувам во иднина овие области, заедно со економијата да останат приоритетен фокус на двете земји и заедничките активности да бидат насочени во тој правец, затоа што тоа е она што ги интересира граѓаните – поквалитетно образование и можности за надградба на личниот потенцијал, подобри можности за работа и повисоки плати. Да ги затвориме оние поглавја од билатералните односи кои создаваат разни форми на тензичност и едноставно го поткопуваат добрососедството“, потенцираше Шаќри.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...