PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Северна Македонија сѐ уште не одлучила дали ќе испрати војници во Украина

Jan 27, 2022

Северна Македонија со внимание ја следи актуелната состојба во Украина, велат од Министерството за надворешни работи. На прашањето на Гласот на Америка дали ќе упатат предупредување до македонските граѓани да не патуваат во Украина или пак повик до оние кои веќе се наоѓаат таму да ја напуштат државата, од МНР велат дека формирале работна група што го следела развојот на настаните и безбедносната ситуација во Украина.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Некои држави веќе ги повикаа своите граѓани да не патуваат во Украина, како на пример Канада. Американската амбасада во Киев ги повика своите граѓани веднаш да размислат за напуштање на земјата, потсетува Гласот на Америка.

Северна Македонија се’ уште нема одлучено, дали евентуално би испратила и свои војници во Украина, како дел од НАТО сојузничките сили. Од Армијата на Северна Македонија велат дека секоја одлука се носи на повисоко ниво и оти во моментот работат според годишен план за работа.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во телефонски разговор вчера со Дерек Чолет советник на Стејт департментот на САД, разменил мислења за актуелната безбедносна состојба во Европа и актуелните случувања во и околу Украина.

„Беше изразена взаемна поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина, повлекувајќи ја важноста од заштита на човековите права. Воедно, ја истакнаа значајноста од заеднички пристап кон актуелните безбедносни предизвици и упатија повик за деескалација на состојбите во интерес на европската сигурност. Во тој контекст, ги поздравија напорите на меѓународните партнери и заложбите во рамки на НАТО и ОБСЕ за смирување на состојбите и зачувување на мирот“, се вели во соопштението на МНР.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ