Шаќири-Јанкуловски: Вложувањето во високото образование е наш врвен приоритет

Вложувањето во квалитетно образование на сите нивоа, вклучувајќи го и високото е врвен приоритет на Министерството за образование и наука. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на средбата со Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Шаќири и Јанкуловски на првиот работен состанок разговараа за продолжување и унапредување на соработката во делот на високообразовните политики во Република Северна Македонија, како во делот на едукацијата, обезбедувањето на квалитетен кадар, така и во делот на научно-истражувачката дејност, информираат од Министерството за образование и наука.

Министерот на средбата истакна дека високото обрзование е основата за развој и просперитет на државата, бидејќи за економски раст и силна држава, ни се потребни добро образовани кадри. Но, за квалитетно одбразование кое ќе ги создаде овие кадри ни требаат мотивирани и добро подготвени професори кои се ценети и си сакаат работата.

Министерот за образование и наука во наредниот период ќе ја продолжи интезивната и непосредна комуникација со високообразовните установи со цел одблиску да се запознае со предизвиците и потребите на Универзитетите, бидејќи нивната работа е од висок општествен интерес.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...