Шаќири на состанок со Хелветас, НВО од Швајцарија која има голем придонес во развој и промоција на средното стручно образование

Средното стручно образование во Северна Македонија секоја година ја добива вистинската вредност кај младите, кои се почесто одбираат да се едуцираат во конкретни струки кои се барани на пазарот на трудот и овозможуваат брзо вработување и пристојна плата веднаш по формализацијата на образовниот процес, а воедно стекнатото знаење е и добра основа за понатамошна академска надградба.
Ова е заклучокот од средбата на министерот за образование и наука Јетон Шаќири со претставниците на Хелветас, невладина организација од Швајцарија која веќе 4 години е партнер на Министерството за образование и наука во заложбите за развој и промоција на средното стручно образование како дефицитарно образование во земјата.
Шаќири изрази благодарност до раководството на Хелветас што дава голема логистичка и финансиска поддршка за спроведување на проектот „Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е“ преку кој се спроведува дијалогот „Учи паметно, работи стручно“ помеѓу МОН, бизнис заедницата, општините и средните стручни училишта, а во насока на заедничко дефинирање на потребите од отворање на нови струки и профили кои се потребни на локално ниво, дизајнирање на наставните планови и програми и вклучување на компаниите во практичната обука на учениците од средните стручни училишта.
Дијалогот се покажа како исклучително ефективен во изминатиот период. Минатата година овозможи отворање на вкупно 97 дуални паралелки во 46 средни стручни училишта, а во соработка со над 200 компании.
Претставниците на Хелветас потврдија дека и во иднина ќе даваат поддршка преку проектот „Е4Е“,  со  цел синхронизација на образованието со пазарот на трудот, како основен услов за економски напредок на државата.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...