Шаќири: Педагошките студиски програми да даваат наставен кадар кој знае да се справи со современите образовни трендови и дигитализацијата

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на работната средба со продеканката за наука на Тетовскиот универзитет, професорката Рабије Мурати разговараше за активностите кои заеднички треба да се реализираат за овој академски центар да продолжи да биде извор на квалитетни кадри.
„Бројни се предизвиците пред кои е исправено високото образование во државата, а ние, како креатори на образовните политики, не задирајќи во академската автономија, тука сме да ги слушнеме барањата и соодветно да делуваме. Со продеканката Мурати посебно се осврнавме на студиските програми на Педагошкиот факултет, дизајнирани по Болоњскиот систем, кои образуваат професори по одделенска настава, педагози, специјални едукатори, а во втор и трет циклус магистри и доктори на науки. Образовните реформи се одвиваат со предвидената динамика, оттука е неопходно и педагошките студиски програми да бидат усогласени и да даваат подготвен наставен кадар кој знае да се справи со современите образовни трендови и дигитализацијата“, рече министерот Шаќири.
Универзитетот континуирано вложува во наставите програми, нагласи проф. Мурати, со цел студентите да бидат конкурентни на европскиот академски пазар и да стекнат специјализација преку развој на компетенции.
На средбата се разговараше и за можностите за поттикнување на научно-истражувачките активности на Универзитетот.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...