Разводот знае да биде болен, особено кога е предизвикан од прељуба, а тоа го докажа и светски познатата пејачка Шакира. Тешко и беше да поднесе да биде оставена поради друга жена по 12 години љубов.
Жерар Пике почна врска со Клара Чиа, студентка која беше дел од неговиот тим за односи со јавноста, а Колумбијката не криеше дека срцето и е скршено. Како вистински уметник, таа својата болка ја претвори во музика, а нејзините два хита кои ги посвети на бившиот станаа популарни за многу кратко време.
Емотивниот слом на Шакира се случил додека таа се грижела за здравјето на нејзиниот татко, а бидејќи несреќата никогаш не поминува сама, нејзината мајка била итно хоспитализирана поради згрутчувања во ногата. Шакира поради се мораше да ја одложи преселбата во Мајами со синовите до јуни.
Порталот ОК Диарио вели дека сега би можела да има уште една причина да го забрза преселувањето во Мајами, а тоа е поради мистериозниот маж кој го запознала пред неколку месеци.
„Изгледа дека колумбиската пејачка нашла нова љубов со мистериозен маж кој наводно го запознала во Мајами и со кој е во врска четири месеци“, пишува ОК Диарио.
Шакира се уште не коментирала ништо, а не се огласил ниту нејзиниот претставник за медиуми, додека минатиот пат ги демантираше гласините.
„Од почит кон моите деца и ранливиот момент низ кој минуваат, барам од медиумите да престанат да шпекулираат. Немам партнер и немам илузии дека срцето повторно ќе ми се исполни со љубов. Нема ништо друго освен мојата целосна посветеност на децата и нивната благосостојба“, категорична беше Шакира.