Американскиот државен секретар со твитот му испрати на Додик директна порака откако по негов налог Република Српска минатата недела одлучи сите функционери од редовите на босанските Срби да ги прекинат контактите со американската и британската амбасада во Босна и Херцеговина, поради мешање на западните дипломати во внатрешните работи на таа земја.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Исто така, тој минатата недела ги нарече Британците „злосторници“ поради најавата за испраќање оружје со осиромашен ураниум во Украина.

Потоа Додик објасни дека одлуката се однесува само на амбасадорите акредитирани во БиХ, но не и на САД и Британија. Претседателот на Република Српска кажа дека е заинтересиран за продолжување на соработката со тие земји.

Блинкен на Додик му возврати со порака дека Мајкл Марфи, американскиот амбасадор во БиХ е личноста која ја спроведува политиката на Вашингтон и дејствува во интерес на просперитетна и демократска иднина на сите луѓе во БиХ. Додик го обвини дека е одговорен за загрозување на основните права и слободи на граѓаните.