Шефот на хрватската дипломатија побара од Србија да се усогласи со политиките на ЕУ

Хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман, ѝ порача на Србија дека е време да се усогласи со надворешната политика на Европската Унија.

„По неодамнешните избори, очекуваме Србија да води надворешна политика што ќе биде во согласност со европските вредности и принципи“, рече Грлиќ Радман при пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел на разговори за ситуацијата во Украина.

Тој рече и дека ќе ја нагласи важноста на стабилноста на Западен Балкан и дека во текот на разговорот ќе го постави прашањето за ситуацијата во БиХ, која, како што рече, е во политичка криза.

„Ќе ја истакнам и важноста на стабилноста на Западен Балкан. Босна и Херцеговина навистина е во политичка криза и законитоста и интегритетот на претстојните избори мора да се обезбедат преку новиот изборен закон“, изјави Грлиќ Радман.

Преговорите за измените на Изборниот закон на БиХ завршија по девет месеци, на 20 март, без резултати.

На средбата, освен за ситуацијата во Украина, треба да се разговара и за потенцијалните последици од руската агресија врз Украина и Западен Балкан, јавува Радио Слободна Европа.

Министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка, Унгарија, Словачка и на Словенија побараа стратешка дискусија за ситуацијата во регионот, наведуваат медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...