Шефот на новата авганистанска влада ги повикува поранешните функционери да се вратат

Новиот авганистански премиер мула Мохамед Хасан Акунд ги повика поранешните функционери кои избегаа кога талибанците ја презедоа власта минатиот месец да се вратат во земјата, додавајќи дека групата ќе ја гарантира „нивната безбедност“.

Во ексклузивното интервју за Ал Џезира, тој, исто така, рече дека владата ќе ја гарантира безбедноста на дипломатите, амбасадите и организациите за хуманитарна помош, истакнувајќи дека групата сака да воспостави позитивни и силни односи со земјите во регионот и пошироко.

Акунд, близок соработник и политички советник на починатиот мула Омар, основачот на талибанското движење, и нивниот прв водач, вели дека лидерите се соочуваат со „голема одговорност и тест“ кон Авганистанците.

– Изгубивме многу пари и животи во овој историски момент за Авганистан. Состојбата на крвопролевање, убиства и огорченост за народот во Авганистан заврши. Моравме скапо да платиме за ова, истакнува Акунд.

Тој, во интервјуто за Ал Џезира, исто така, го повтори ветувањето на талибанците за амнестија за секој што работел за САД и администрацијата по инвазијата во 2001 година.

– Никој нема да може да докаже дека е предмет на одмазда. И во такви напнати околности, лесно е да го правите она што го сакате. Сепак, движењето е дисциплинирано и ги контролира своите борци. Никој не повредивме поради неговите претходни постапки, тврди тој.

– Затоа ја уверувам исламската нација, особено авганистанскиот народ, дека го сакаме сето добро, успех и благосостојба и дека сакаме да воспоставиме исламски систем. Ги поканувам сите да учествуваат во овој блажен проект, рече претседателот на новата авганистанска влада.

Талибанците вчера прогласија преодна влада, формирана само од нивни членови и блиски соработници, и таа не вклучува жени и други политички фракции.

Од 33 позиции во владата, 14 се дадени на поранешни талибански функционери кои беа на власт од 1996 до 2001 година, петмина се поранешни затвореници во Гвантанамо, а останатите 12 се функционери од втората генерација на движењето.

Додека Кина и Узбекистан изразија подготвеност да соработуваат со Талибанците, Европската унија и Обединетите нации изразија несогласување околу составот на новата влада, со оглед што не вклучува жени и претставници на други етнички малцинства.

САД соопштија дека ќе и судат на владата според нејзините постапки, но наведоа дека владата која не вклучува други групи не носи стабилност во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...