Шекеринска почесен гостин на Националната гарда на Вермонт: се разгледуваат можности за обуки на наш кадар за цивилна заштита и спасување

„Цврсто сме убедени во бенефитот кој и нашата Армија и Националната гарда на Вермонт го имаат од исклучително интензивната меѓусебна соработка. По успешната реализација на поголем број заеднички вежби со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на припадниците на Националната гарда на Вермонт, на претстојната вежба „Брз одговор 22″ која се фокусира на воздухопловно-десантните единици”, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, при посетата на воздухопловната база на националната гарда на Вермонт.

Во базата, министерката Шекеринска беше брифирана за капацитетите на единиците и на Здружениот оперативен центар, при што беше потврдена меѓусебната заложба за продолжување на плодната долгогодишна одбранбена соработка помеѓу Северна Македонија и Вермонт.

Во контекст на неодамнешните случувања со пожарите во нашата земја, од исклучително значење беше посетата на македонската делегација на Оперативниот центар за итни случаи на Вермонт, каде беа разменети информации во однос на начинот на справување со природни катастрофи и можностите за проширувањето на соработката и во овој домен.

„Едно од клучните прашања е како да развиваме армиски капацитети кои на едноставен и ефикасен начин целосно ќе можат да се вклучат во напорите на цивилните институции во справувањето со природните непогоди. Климатските промени чии ефекти ги чувствуваме и денеска бараат организирање на систем кој е подготвен за брза координација и брз ангажман на терен. Навистина сме ви благодарни за споделувањето на вашите искуства во справувањето со шумските пожари”, рече министерката при посетата на Оперативниот центар.

Денеска Шекеринска ќе има средба со заменик гувернерката на Вермонт, Моли Греј, а ќе го посети и полигонот за планирање и операции.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...