Шолц од Софија: Силно поддржувам постигнување договор за почеток на преговори на Македонија и Албанија во ЕУ


Олаф Шолц (инстаграм)

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска за време на посетата на Софија изјави дека силно поддржува постигнување договор за започнување преговори за присоединување на Македонија и Албанија во ЕУ, јавува МИА.

Германија, истакна Шолц, разбира дека не е лесно да се надминат историските разлики меѓу соседните држави, но нејзиното искуство покажува дека е добро за сите кога ќе се надмине недовербата и ќе се изградат пријателски односи со соседите.

– Сметам дека има шанса да се постигне напредок. Ќе ја продолжиме дискусијата и размената меѓу нас до крајот на француското претседателство и се надевам дека ќе постигнеме напредок. Јас сум убеден дека заедно ние Европејците, носиме одговорност за ЕУ и за стабилноста на Балканот. Важно е да го искористиме процесот на проширување – рече Шолц на заедничката прес-конференција со Кирил Петков.

Петков, од своја страна, изјави дека дека Бугарија и Германија секогаш гледале на Западниот Балкан во насока на нивно присоединување кон ЕУ.

Бугарскиот премиер истакна дека владите на Бугарија и на Република Македонија „продолжуваат да работат во таа насока при што бугарската Влада јасно ја иразила својата позиција за условите што треба да се исполнат за да продолжи евроинтеграцијата на Македонија“.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...