Шпанската тајна служба призна дека го користела „Пегаз“ во скандалот „Каталанагејт“


Фото: Принт-скрин

Шпанската разузнавачка агенција ЦНИ призна дека ги следела телефоните на 18 каталонски сепаратисти, вклучително и регионалниот претседател Пере Арагонес, користејќи го израелскиот софтвер „Пегаз“.

За секој од случаите, директорката на ЦНИ, Паз Естебан денеска на парламентарната комисија покажа судско овластување, информира весникот Ел Паис.

Аферата, која беше наречена „Каталангејт“, ја загрозува стабилноста на малцинската влада на премиерот Педро Санчез, коментира ДПА.

Левичарската каталонска партија ЕРЦ ја доведе во прашање нејзината поддршка за владата на Санчез поради аферата и повика на истрага.

Неодамна беше објавено дека Пегазус бил пронајден и во мобилните телефони на Санчез, министерката за одбрана Маргарита Роблес и министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.

Естебан не даде никакви информации во врска со ова.

Шпанските медиуми шпекулираат дека зад оваа акција би можело да стои Мароко.

Според владата во Мадрид, од телефонот на Санчез биле украдени околу 3,6 гигабајти податоци.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...