Што се случи синоќа во Тетово? Трагедијата го потресе целиот регион

Две минути по 21 часот, пожарникарите во Тетово добиле известување дека има пожар во модуларната болница.

Граѓаните кои случајно се нашле во близина, немале како да им помогнат на пациентите кои биле внатре, бидејќи пламените јазици се прошириле со голема брзина.

По неколку минути пристигнале пожарникарите, кои успеале да го стават под контрола пожарот. Веќе во 21:30 министерот за здравство и премиерот се упатија кон Тетово.

Откако пожарот беше целосно изгаснат, почнаа да ги изнесуваат безживотните тела, но никој не го знаеше точниот број на жртвите и на оние кои успеале да се спасат.

Премиерот заедно со други функционери тргнаа кон седиштето на Општина Тетово каде одржаа итен состанок.

Излегоа по повеќе од еден час, но се договориле никој не дава изјави, само открија дека има над 10 починати.

Неџхмедин Абази, лекар во тетовската болница, рече дека 9 пациенти се спасени од пожарот, но биле во тешка здравствена состојба.

-На почеток нивната состојба беше доста тешка, но благодарение на интервенцијата на лекарските тимови, сега се стабилни-рече Абази.

Градоначалничката Теута Арифи, рече дека истражните служби треба да го расветлат случајот и да ги утврдат причините за избувнување на пожарот.

-За секој настан одговорноста е обврска на сите, затоа никогаш не треба да бегаме од одговорност. Многу е важно она што го реков – надлежните органи да го расветлат случајот. Нормално согласно добиените податоци мора да има и одговорност-изјави Арифи.

Опожарената модуларна болница има капацитет за 30 пациенти заразени од Ковид-19. Во моментот на пожарот внатре имало 26 пациенти. За жал 14 од нив загинале, а 12 се здобиле со потешки или полесни повреди.

ТОП ВЕСТИ

Али Ахмети од Чаир: Се залагаме за целосна родова еднаквост

Демократската унија за интеграција вечерва одржа форум под мото „Лице в лице за еднакви можности“, во организација на Секретаријатот за еднакви можности - огранокот...

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...