PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Што се случува со цената на нафтата?

Apr 27, 2022

Цените на нафтата закрепнаа од остриот пад на претходната сесија предизвикан од стравувањата дека продолжувањето на ковид локдаунот во Кина ќе ја намали побарувачката, но и од зајакнувањето на американскиот долар, кој достигна максимум за две години.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

 

Според најновите достапни податоци на oilprice.com, европската сурова нафта „брент“ за јунска испорака (фјучерс договори) се тргуваше за 103,6 долари за барел, а цената на американската нафта WTI порасна на 99,78 долари за барел.

Цените на двете светски референти на нафтата паднаа за околу 4,0 отсто во понеделникот, при што Брент потона за дури 7 долари за барел во тргувањето, а WTI потона за околу 6 долари за барел.

Мерките за затворање во Кина за сузбивање на Ковид-19 во Шангај влегоа во четврта недела. Во исто време, наредбата на кинеските власти да се спроведе масовно тестирање на населението на короната, вклучително и најголемиот трговски кварт во Пекинг, предизвика страв од потенцијално ново заклучување во таа земја, како онаа во Шангај.

„Ударот од кинеската блокада на побарувачката е над милион барели дневно, а тестирањето на корона во 12 области во следните пет дена во голема мера ќе ги одреди понатамошните цени на суровата нафта“, напиша Едвард Моја, висок пазарен аналитичар во Оанда.

Дополнително, растот на американскиот долар на највисоко ниво во последните две години, ја поскапува нафтата за купувачите кои поседуваат други валути, што ја поткопува нивната побарувачка.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ