Силен земјотрес во Бајкалското Езеро


Руското Министерство за вонредни ситуации извести за силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала во Бајкалското Езеро, јавува агенцијата Анадолија.

Министерството прво извести дека јачината на земјотресот бил 8,4 степени, но потоа се коригирала.

Земјотресот бил силно почувствуван во руските региони Бурјатија и Иркутск околу 20 часот и 25 минути по локално време, а земјотресот траел најмалку 30 секунди, јавуваат локалните медиуми.

Жителите на градот Улан-Уде велат дека ѕидовите се треселе, а оние што живееле на горните катови го почувствувале тоа особено силно.

„Првиот удар ме собори на подот“, рече еден жител. „За малку ќе одлетав. Изгледаше дека куќата ќе ми се урне“, вели друг жител.

Според локалните медиуми, ова е најсилниот земјотрес во последно време. Многу жители исплашени истрчаа на улиците.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета, пренесува Индекс.

ТОП ВЕСТИ

Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи < Опсервер

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За...

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 12 септември < Опсервер

На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација. <!-- <!-- <!-- ...

Специјална соработка за паметниот проектор „The Freestyle“ < Опсервер

Samsung Electronics во соработка со светски познатата корејска група BTS најавија премиера на краток филм во кој SUGA (член на групата), како амбасадор...