Силна експлозија во близина на Белград, најмалку двајца загинати и 15 повредени


Најмалку две лица загинаа во експлозија што се случи околу 14 часот во фабрика за оружје во белградската населба Лештане, пренесуваат медиумите во регионот.

Станува збор за фабрика која произведува противградни ракети. Повредени се најмалку 15 работници, пренесуваат медиумите.

Еден работник останал заробен, но пожарникарите успеале да го извлечат. Очевидци велат дека во тој дел на Белград се почувствувале силни детонации.

Според написите, на лице место почнале да се собираат и семејствата на работниците.

Засега не е позната причината за експлозијата, но српските медиуми пишуваат дека таа била предизвикана од ракетно гориво во фабриката за наменска индустрија.

Во новинарските анализи се споменува дека слична експлозија во истата фабрика се случила и во 2008 година, кога тројца работници биле повредени.

„Во моментов обезбедуваме помош при евакуација и помош на нашите вработени. Сите наши напори, човечки и сите расположливи ресурси се насочени кон евакуација и пружање помош на вработените“, посочија од фабриката.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...