PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Синдикалците го блокираа влезот и излезот на Скопје – на улица остануваат се до исполнување на барањата

Jun 27, 2022

Со тричасовна блокада на влезот од Скопје Сојузот на синдикати на Македонија го продолжи штрајкот повикувајќи ги надлежните да го исполнат ветеното. Бараат од 1 јули да има покачување на платите на сите вработени во јавниот сектор за 2.806 денари, колку што порасна минималецот но, и да се врати регресот за годишен одмор во јавниот сектор.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Првите синдикалци штрајкуваа на главната крстосница во населбата Автокоманда, каде во периодот од 7 до 10 часот утрово пропуштаа само возила на итната медицинска помош, противпожарната служба и полициски возила. А вработените во јавниот сектор се на своето работно место но, не извршуваат работни задачи, освен во суштинските дејности и за итни случаи.

ССМ во текот на денот ќе одлучи за следните чекори и блокади што ќе ги преземе во знак на незадоволство. Иако е во тек процесот на помирување, за сега нема најавена средба меѓу Синдикатот и Владата. Во меѓувреме, ССМ доби поддршка од некои политички партии, вклучувајќи ги ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичката партија на Македонија, Алијанса за Албанците и БЕСА. Тие заеднички го повикаа пратениците од владејачкото мнозинство да го гласаат поднесениот амандман на ребалансот на буџетот, со кој треба да се обезбеди покачувањето на платите во јавниот сектор.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ