PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Сириза бара оставка од Мицотакис за случајот со прислушувањата

Aug 8, 2022

Главниот одговорен за овој невиден обид за институционална и антидемократска диверзија е самиот господин Мицотакис и мора да си поднесе оставка, велат од политичкиот секретаријат на грчката опозициска партија СИРИЗА во однос на случајот со прислушкувањата во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Во соопштението коментираат дека оставките на директорот на Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП) Панајотис Кондолеон и генералниот секретар на грчката Влада Григорис Димитриадис, „не можат и нема да го прикријат она што сите Грци го сфатија, дека главниот одговорен е самиот Мицотакис“.

Истакнуваат дека Мицотакис е оној кој надлежноста на ЕИП ја префрли да биде под премиерот, „Мицотакис е основач и шеф на режим кој работи против транспарентноста, отчетноста, против самата демократска држава“, но и дека грчкиот „Watergate“ го има потписот на Мицотакис.

-Во било која демократска европска земја, еден толку мрачен случај на следење, што се однесува на барем еден лидер на политичка партија и еден новинар, ќе беше незамислив и веќе ќе доведеше до оставка на владата, соопштуваат од СИРИЗА и додаваат дека во Грција Владата направила сè што може „за да го прикрие скандалот со незаконското следење“.

Дополнително, потенцираат дека „клучното прашање за секој граѓанин во овој момент е кои други политичари и новинари се следат од режимот на Мицотакис?“ и посочуваат дека е неопходна итна интервенција на обвинител за работењето на службата за разузнавање.

Според медиумите во Грција, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, се очекува в понеделник да излезе со изјава и став во случајот со прислушувањата.

Вчера, по оставките на директорот на Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП) и генералниот секретар на грчката Влада Григорис Димитриадис, случајот со прислушкувањата на лидерот на ПАСОК- Движење на промена (КИНАЛ) и европратеник Никос Андрулакис и на новинарот Танасис Кукакис се во фокусот на грчката јавност.

Директорот на службата за разузнавање Кондолеон, како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, си поднел оставка поради „погрешните постапки во процесот на легалните следења“.

Андрулакис побара итно формирање истражна комисија во грчкиот Парламент за истрага на политички одговорности во случајот и рече дека бил прислушкуван од ЕИП за време на изборите за лидер на ПАСОК-КИНАЛ.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому за евентуалното формирање истражна комисија во грчкиот Парламент рече дека доколку „се запазат сите потребни процедури на доверливост и доколку се поднесе такво барање Владата позитивно ќе одговори“.

Воедно откри дека „штом премиерот дозна за случајот на легално следење на Андрулакис, по одобрувањето од обвинителството, Владата преку државниот министер Јоргос Герапетритис побара целосно да го информира Андрулакис, кој избра да не одговори“.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ