Скопјанец осомничен дека тешко ја повредил сопствената мајка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 21 јуни во вечерните часови, во семејниот дом на улицата „Дебарца“ во Скопје, осомничениот при вршење семејно насилство со умисла тешко телесно ја повредил својата 70-годишна мајка. Тој најпрвин започнал вербална расправија, а потоа физички ја нападнал, удирајќи ја со раце по лицето и телото. Продолжил да ја удира со столче, при што ѝ нанел тешки телесни повреди и ѝ ги скршил двете раце. Од страв да не биде повторно нападната, оштетената го напуштила домот и го пријавила настанот на 24 јуни, кога осомничениот повторно станал агресивен кон неа.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности кои очигледно укажуваат на можност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...