Годинава се одбележуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули 1963 година.
Првата помош за жителите дошла од тогашните југословенски републики, по што дури 87 држави од светот испратија помош, за неговата обнова, поради што градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.Во земјотресот загинаа 1.070 лица, додека повредени биле над 3 илјади лица.
Од потресот се урнале 15.800 домови, а оштетени биле скоро 30 илјади. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата.