Славјанка: Јовано, Јованке ми е омилена песна, не знаев дека ќе ме пречекаат со неа

Славјанка Петровска, министерката за одбрана, сè уште е под импресии од дочекот што ѝ го приредија нејзините британски домаќини при неодамнешната посета на Лондон.

Ова особено од гестот на британскиот воен оркестар кој во нејзина чест ја отсвири познатата македонска песна „Јовано, Јованке“.

Неколку дена пред патувањето ме прашаа која ми е омилена песна.

Јас им одговорив „Јовано, Јованке“, но не знаев дека на таков начин ќе ме пречекаат.

Посетата на Лондон мина во атмосфера на големо пријателство, како што впрочем и доликува меѓу две пријателски земји, меѓутоа жалам што беше засенета со недолични коментари во јавноста.

Веднаш се почна со осуда, но последниот период сме сведоци на организирани напади врз Министерството за одбрана и Армијата“

изјави Петровска во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Таа се надоврза на британската амбасада дека националната химна на една земја се интонира при посета на претседател или премиер на држава, по реакциите во јавноста зошто во Лондон била пречекана со песна наместо со „Денес над Македонија се раѓа…“ ИзворТВ21.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...