Славјанка се закани: Им даваме последна шанса на Русите за дипломатски да ја решат кризата со Украина!

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, изјави дека целта на денешниот состанок е да се реафирмира единството на НАТО, да се даде шанса на дијалогот во кризата меѓу Русија и Украина и да се потенцира поддршката за целосниот интегритет и суверенитет на Украина.

Според неа, треба до крај да се даде шанса за дипломатско решение за кризата меѓу Русија и Украина, а политичките изјави се само чекор до деескалацијата, но треба да се види и придвижување на теренот за таа цел.

„Овој состанок се одржува во важен период и за европската безбедност и за безбедноста на евроатлантската област. Ќе ги реафирмираме нашите позиции за мирно решавање на кризата помеѓу Русија и Украина. Даваме последна шанса на дијалогот за дипломатско решение. Ќе го потврдиме единството на сите земји-членки на Алијансата, како и нивната безбедност“,рече Петровска.

Петровска, во одговор на прашање на дописничката на МИА од Брисел, рече дека нема закани за безбедноста на нашата држава, и оти институциите во својата надлежност се подготвени и работат на тоа.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...