Славески од ВМРО-ДПМНЕ е против минималната да се зголеми на 18.000 денари: Тоа е неоправдано и нереално

Професорот и актуелен претседател на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, кој беше министер за финансии во владите на ВМРО-ДПМНЕ,

вели дека барањата на Сојузот на синдикати за зголемување на платите на работниците на 18.000 се „неоправдани и нереални“.

Тој во изјава за ТВ24 застана на страната на Организацијата на работодавачи, аргументирајќи дека ваквото зголемување на платите би било оптоварување за компаниите и може да доведе до затворање на бизниси.

„Ова што го бара Синдикатот се коси со целокупната практика во Европа и во светот.

Минималната плата не може да се однесува на над 20 проценти од вработените и не може да биде 60 проценти од просечната плата, кога Европската унија изрично наложува максимумот да биде 50 проценти.

Затоа што тоа би придонело најголем број од компаниите во Македонија да затворат или пак остатокот од компаниите коишто се подобри да ја доживеат судбината на БЕГ,

односно полека да станат државни фирми. Тоа значи враќање назад“, рече Славески.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...