PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Словенечкиот парламент гласа доверба за шефицата на дипломатијата Тања Фајон

Nov 11, 2022

Словенечкиот Парламент денеска на барање на дел од опозицијата ќе гласа за доверба на министерката за надворешни работи Тања Фајон, што претставува прв обид за гласање недоверба од формирањето на актуелната влада.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Владејачката коалиција во парламентот има јасно мнозинство, па можноста за гласање недоверба е сведена на минимум, јави СТА.

На опозицијата ѝ требаат 46 гласа за да успее во намерата, но опозициските демократи (СДС) не можат да соберат толкава поддршка ниту со помош на друга опозициска партија, Нова Словенија (НСи) СДС и НСи.

Тие ја обвинуваат Фајон дека ја злоупотребила својата положба и ја користела дипломатско-конзуларната мрежа за поддршка на претседателската кандидатка, Наташа Пирц Мусар.

На 13 ноември, во вториот круг од претседателските избори, граѓаните на Словенија ќе одлучат кој ќе ја води земјата во следните четири години.

Противник на Наташа Пирц Мусар, која е блиска до социјалдемократите на Тања Фајон, ќе биде Анже Логар од опозициската СДС.

Тања Фајон, која е обвинета дека го заобиколила претседателот во заминување Борут Пахор при отповикувањето на словенечкиот амбасадор во САД, ги отфрли обвинувањата како неосновани.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ