Словенија ги укина маските

Во Словенија, поради подобрата епидемиолошка состојба, од денеска носењето маски во повеќето затворени простори повеќе не е задолжително, но оваа мерка сѐ уште се препорачува кога не е можно да се одржи дистанца, соопшти словенечката влада.

Носењето маски е задолжително во здравствените установи, домовите за стари лица и другите социјални установи.

Маските во пандемијата беа една од клучните мерки за спречување на ширењето на вирусот, а доколку немаше таква обврска, епидемиолошката слика ќе беше многу полоша во изминатите епидемиски бранови, изјави за медиумите инфектологот Бојана Беович.

Укинувањето на задолжителното носење маски го изгласа владата поради континуираното подобрување на епидемиолошката состојба во последните недели.

Во последните 24 часа спотврдени се 1.535 новозаразени од коронавирус, односно 577 помалку од една недела претходно, а бројот на хоспитализирани продолжува да опаѓа.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...