Словенија: Од утре престанува ограничувањето на цената на горивата, се очекува големо поскапување


Српскиот член на Претседателството на БиХ во видеообјава на „Твитер“ изјави дека му е жал што има разни интерпретации за средбата на која присуствувал заедно со Карен Донфрид, помошник-државна секретарка за европски и евроазиски прашања на САД.

Додик изјави дека не е точно тврдењето на Донфрид дека раководството на Република Српска сака да ја сруши БиХ нагласувајќи дека се залага за почитување на Уставот на БиХ.

„Да се ​​тврди дека раководството на Република Српска сака да ја сруши БиХ, не е точно, а точно е дека на средбата со Донфрид, а подоцна и во јавноста, кажав дека Република Српска го почитува територијалниот интегритет и меѓународниот суверенитет на БиХ, но и Уставот на БиХ, според кој е составена од два ентитета и три конститутивни народи“, посочи Додик.

За време на посетата оваа недела на БиХ, Донфрид испрати порака дека Вашингтон многу сериозно ги сфаќа заканите за стабилноста на БиХ, вклучително и оние од Република Српска.

„САД не се обидуваат да ја укинат РС, но нема да стојат настрана додека сегашното раководство (РС) се обидува да ја растури државата“, рече Донфрид за време на нејзиниот престој во Сараево потврдувајќи дека нејзината влада и понатаму е подготвена да прибегне кон нови санкции против сите оние што се однесуваат како Додик и се обидуваат да ја дестабилизираат БиХ.

Слични оценки даде и сенаторот Крис Марфи по посетата на делегацијата на американскиот Сенат во Сараево, кој на својот блог напиша дека постои реална опасност од можни дестабилизирачки потези кои Додик би можел да ги повлече и кои всушност би биле составен дел од стратегијата што ја води рускиот претседател, Владимир Путин.

Српскиот член на Претседателството на БиХ денеска истакна и дека на неодамнешната средба со американските сенатори јасно кажал дека е за договор и побарал да се почитува ставот на Република Српска.

ТОП ВЕСТИ

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...

Трамп во вторник е на суд во Мајами, објави дека по втор пат е обвинет годинава

Доналд Трамп синоќа објави дека е обвинет по втор пат оваа година – овој пат по федерални обвиненија во случај што се фокусира на...

Продолжува испумпувањето на водата по вчерашното невреме во Делчево

И утрово продолжи испумпувањето на вода од подрумите на луѓето, по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати Делечево. Доцна синоќа помош на...

Груби оствари средба со заменик американскиот амбасадор, Мејер

Скопје, 8 јуни – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со заменик американскиот...