Смртна казна за шестмина Пакистанци поради линчување

Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека Словенија ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан и истакна дека во светлината на мирот и стабилноста лидерите во регионот мора да внимаваат да не ја влошат ситуацијата со своите постапки. Пахор ова го изјави по денешната средба со српскиот колега Александар Вучиќ.

„Многу сум задоволен што српскиот претседател и пријател Александар Вучиќ одлучи првата странска земја што ќе ја посети по неодамнешните избори да биде Словенија“, изјави Пахор.

Тој рече и дека од почетокот на војната во Украина ситуацијата на Западен Балкан е почувствителна.

„Го поканив (Вучиќ) како двајца претседатели на пријателски земји да размениме мислења за ситуацијата во Западен Балкан и Европа сѐ со цел да се заштитат мирот и стабилноста на Западен Балкан“, изјави Пахор за новинарите.

Пахор рече дека со српскиот претседател разговарал и за војната во Украина.

„Голема одговорност на државниците е да ја зајакнат економијата со своите постапки, да ги зачуваат мирот и стабилноста. Тоа е важно и за европската интеграција на регионот“, изјави Борут Пахор.

ТОП ВЕСТИ

Бајден: Федерална помош за државата Мисисипи по торнадото

Американскиот претседател Џо Бајден одобри федерална помош за поддршка на државата Мисисипи откако беше погодена од торнадо во кое загинаа 26 луѓе, соопшти денеска...

Австрискиот претседател Ван Дер Белен и претставници на 30 компании во вторник во Македонија

Во вторник го дочекуваме австрискиот претседател Александар Ван Дер Белен како дел од западнобалканската политичко економска турнеја. Во делегацијата со Ван Дер Белен ќе...

Средба Рама-Курти во Тирана

Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е во посета на Тирана, по средбите со шефот на државата Бајрам Бегај и претседателката на парламентот Линдита...

Спасовски: Детектирана е криминална група во однос на лажните дојави за бомби, тие речиси и да престанаа по донесување на новите протоколи

Во интервју за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање во врска со придобивките од новите Протоколи за постапување...

НАТО- Руската нуклеарна реторика е опасна и неодговорна

НАТО во неделата ја критикуваше Русија за нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе...