Смртноста од мајмунските сипаници е околу 10 отсто, тврдат хрватски доктори


Фото: Маја Јаневска-Илиева

Од почетокот на мај, во Европа и во Северна Америка се евидентираат сè поголем број случаи на заразени со вирусот мајмунски сипаници.
Хрватскиот институт за јавно здравје објави дека во земјата засега нема регистрирано ниту еден случај. Директорката на Клиниката за инфективни болести „д-р Фран Михаљевиќ“ Алемка Маркотиќ за ХРТ објасни како изгледаат симптомите.

– Тоа е вирусна болест, станува збор за ДНК вируси, седиштето, на некој начин, е во Африка. Првата појава е во седумдесеттите години. Се викаат мајмунски сипаници, меѓутоа, се смета оти мајмуните, како и луѓето, не се главни резервоари, туку, случајни домаќини. Најчесто се работи за мали, ситни глодари, вклучувајќи ги глувците, стаорците и верверичките и бројни примати-појасни таа, додавајќи дека постои можност за пренос од човек на човек, од животно на човек, но и од човек на животно.

Кога станува збор за симптоми, таа тврди дека болеста почнува со висока температура, како и поголем дел други заразни болести, општа лоша состојба, исцрпеност, силна главоболка.

– Тоа е вообичаено за бројни болести, но, веќе на третиот или четвртиот ден се појавува осип, прво на местото на иницијалниот влез, а потоа се шири од лицето, екстремитети, трупот и на крај на дланките и стапалата. Самите симптоми наликуваат на големи сипаници, за среќа, нема големи сипаници во оптек. Таа болест со вакцинација е потполно искоренета. Имаме и многу отечени лимфни јазли кај мајмунските сипаници-појасни таа.

Како што истакна таа, од мајмунски сипаници, може да заболат сите категории луѓе.

– Може да се каже дека сега во оваа појава на некаква епидемија во Европа, тоа се главно машки лица кои имале односи со други машки лица. Болеста понатаму може да се прошири и на други групи. Особено ранливи се имунокомпромитираните лица, бремените жени и малите деца. Тие се во најголема опасност. Оваа болест е полесна за разлика од големите сипаници. Смртноста е некаде до 10 или 11 отсто. Повеќе во ранливите популации-тврди директорката.

Маркотиќ, прашана дали заболуваат само машки лица, одговори оти е тешко да се каже. Но, забележано било дека мајмунските сипаници најмногу се појавуваат кај машки лица кои имале односи со други машки лица и тоа во заедници што се промискуитетни.

– Лицата кои имаат постојани партнери на некој начин не мора да се грижат, доколку лицето не било изложено на вирусот. Менувањето партнери може да придонесе за развој на болеста-подвлече директорката.

Се додава и дека секоја вирусна болест, па и мајмунските сипаници, може да биде асимптоматска.

– Луѓето се заразни кога се појавуваат симптоми на болеста, но, се претпоставува дека кон крајот на инкубацијата може, исто така, да станат заразни. Инкубацијата е од шест до околу 12 дена, а може да трае и до три недели-информира професорката Маркотиќ.

Според неа, станува збор за опасна болест и има потенцијал за ширење.

– Сите кои се занимаваме со оваа работа знаеме, а го видовме тоа и во изминатите две години, дека вирусите се чудни и можат да ја променат тактиката. Сетете се само на вирусот зика, што со години беше блага болест во Африка, па со ширењето во други подрачја, направи значајни проблеми-нагласи хрватската докторка.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...