Смртоносната бура Малик предизвика хаос низ Европа

Во текот на невремето се уништени автомобили и куќи, затворени се мостови и предизвикани се поплави поради што и транспортот не функционира. Илјадници домаќинства останаа без струја.

Бурата Малик особено напредна во нордискиот регион, носејќи силни удари од ветер и обилни дождови во Данска, Финска, Норвешка и Шведска.

Невремето пристигна и во северна Германија откако мина низ Велика Британија, каде предизвика хаос со материјална штета и проблеми со транспортот. Особено беше погодена Шкотска, каде загинаа 60-годишна жена и дете. Во одредени делови на Шкотска ветерот достигна над 160 км/час, а многу домаќинства останаа без струја.

Remote video URL

Во Данска исто така дуваше силен ветер проследен со обилен дожд при што беа затворени неколку мостови, како и автопати кои го поврзуваат Копенхаген со Малме. Данските медиуми објавија дека загинала 78-годишна жена од тешки последици по пад на силен ветер. Во Германија, локалните медиуми објавија дека починал маж откако бил погоден со билборд откачен од силното невреме.

Remote video URL

Поплавите во некои делови на Данска предизвикаа значителна материјална штета, пријавени се неколку сообраќајни несреќи предизвикани од пад на дрвја и урнатини од ветерот.

Во Норвешка е пријавена голема штета врз домови, автомобили и бродови, додека снежните наноси низ Финска предизвикале сообраќајни несреќи кои го нарушиле автобускиот и железничкиот сообраќај во делови на земјата.

ТОП ВЕСТИ

Северна Кореја тестираше подводен дрон со нуклеарно оружје

Новиот систем на подводни беспилотни летала, како што објави државната агенција КЦНА, е наменет за тајни напади во водите на непријателот со цел да...

Полиција повикана во домот на Ријана откако непознат маж се обидел да ја запроси

Полицијата била повикана во домот на Ријана во четвртокот откако во куќата дошол маж со намера да ја запроси пејачката. Човекот, чиј идентитет не се...

Земјотрес во Бања Лука

Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер се случи утринава во Бања Лука. Земјотресот е регистириран околу 7:30 часот, покажува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар...

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар

Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата велат од...

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...