Собранието ќе одржи продолженија на шест седници

Собранието денеска треба да одржи продолженија на шест седници, на 47-та, 50-та, 54-та, 57-та, 61-та и 64-та седница.

Пратениците на продолжението на 47-та седница ќе расправаат за измените и дополнувањата на Законот за концесиии и јавно-приватно партнерство, за Предлог-законот за изменување на Законот за домување, Предлог-законот за изменување на Законот за животната средина, сите по скратена постапка.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и Предлог-законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработени во Министерството за внатрешни работи и безбедносно разузнавачки служби, двата во прво читање.

Пред пратениците на продолжението на 50-та седница се Предлог-законот за парничната постапка, Предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, сите во прво читање.

На дневен ред на продолжението на 54-та седница се Предлогот за избор на заменици на народниот правобранител, Предлог-законот за финансиска стабилност, во прво читање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, во второ читање. На дневен ред на оваа седница се и Предлог на резолуција за правните и моралните аспекти на Ковид-вакцинацијата, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов, како и Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.

Извештајот на Европската Комисија за Република Северна Македонија за 2021 година, Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2022 година, Годишната програма за работата на Агенцијата за пошти за 2022 година, Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2022 година се на дневен ред на продолжението на 57-та седница.

Пратениците на продолжението на 61-та седница ќе расправаат за Предлогот за именување член на РКЕ, за Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година, за Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година и за Финансискиот план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година.

На дневен ред на 64-та седница се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за животната средина, на Законот за внатрешни работи, на Законот за полиција, сите во второ читање. Како последна точка на оваа седница е Предлогот на декларацијата по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...