PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Собранието ќе расправа за францускиот предлог – во посета претседателката на ЕК, Фон Дер Лајен

Jul 14, 2022

Денеска пратениците во Собранието ќе расправаат за францускиот предлог.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Пред почетокот на оваа собраниска седница, ќе се обрати и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

 

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на протест пред Владата истакна дека нема да прифатат промена на Уставот.

„Еве јас најодговорно ви тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за измените на Уставот, а нема да гласа мислам ниту пратениците од СДСМ откако ќе го видат Протоколот кој ќе го потпише Бујар Османи. Затоа што тој  е толку лош, што мислам дека дури некои од тие или пак можеби сум преголем оптимист па не знам што да кажам, но дури се уште верувам дека кај некои од пратениците од СДСМ постои малку македонско затоа што кога ќе го прочитаат предлогот односно протоколот којшто ќе го потпише Бујар Османи ќе се предомислат и ќе се проколнуваат самите себеси затоа што и воопшто дозволиле да гласаат за ова што се нарекува последен модифициран предлог“, рече Мицкоски.

 

Власта пак останува на ставот дека францускиот предлог е добар и дека треба да се прифати за симнување на бугарското вето деблокирање на процесот на евроинтеграциите на земјава.

Првиот Потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на прошталната средба со амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс, истакна дека европскиот предлог не го загрозува македонскиот јазик и идентитет.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ