Собраниската седница за предлог преговарачката рамка продолжува во 11 ч., уште тројца пратеници, па гласање

Расправата по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, предложена од француското претседателство, ќе продолжи денеска во 11 часот.

Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца пратеници кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка.

Во собраниската сала и вечерва атмосферата беше проследена со прозивки и обвинувања од двата табора. Опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараа отфрлање на овој предлог кој, според нив, води кон директна асимилација на македонскиот народ, уцени и повеќегодишно попречување на евроинтегративниот процес од страна на Бугарија. За разлика од нив од владеачкиот табор смируваа дека преговарачката рамка нуди неповредливост на македонскиот идентитет и јазик и почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јарески рече дека 73 отсто од народот е против овој договор.

„Имате надвор народ на улиците, деноноќно, експерти, членови на сите партии, активисти, загрижени граѓани за  нивната иднина. Сите во еден глас кажуваат освестете се и не го прифаќајте ова. Почеток за преговори нема, бидејќи барањата за преговорите немаат крај, и бараат да се отвори Уставот, но тоа нема да се случи. Овој договор е ништовен, ниеден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги штити интересите на Македонија и Македонците“, истакна Јарески.

Синиша Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ рече „сите сме за тоа да бидеме дел од европското семејство, но битно е под какви услови“.

Според пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова, нема никакви гаранции дека ќе нема натамошни условувања од страна на Бугарија. Напротив, посочи таа, барањата ќе се множат и нема да имаат крај.

Пратеничката Марија Георгиевска од СДСМ, реплицирајќи на обраќањето на пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ и обраќајќи се до пратениците од таа партија, рече дека оваа држава ќе оди напред.

„Никогаш нема да ја вратите оваа држава назад“, порача Георгиевска.

Пратеничката од СМСМ, Санела Шкријељ, истакна дека во изминатиот период од 11 години, додека владееше ВМРО-ДПМНЕ, не решиле ниедно важно прашање.
„Седнете и добро прочитајте и ако и мислите добро на оваа држава, гласајте за овие заклучоци што значат гаранција за македонскиот јазик и идентитет и јазик. Во спротивно покажувате дека не ви е гајле ни за јазик, ни за идентитет, ни за историја“, изјави Шкријељ.
Дебатата по Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за старт на пристапните преговори на земјава со Европската Унија почна вчера во Собранието.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...