Софија сака да се ослободи од епитетот „тројански коњ“ на Москва во ЕУ


Бугарија

Бугарија ќе го повика на консултации својот амбасадор во Русија, Атанас Крастин, изјави премиерот на земјата, Кирил Петков, кој престојува во Брисел на состанок на Европскиот совет. Потегот на Бугарија е поврзан со однесувањето на руската амбасадорка Елеонора Митрофанова. Таа, во нејзиното интервју за „Русија 24“, зазеде став дека „бугарскиот народ не ги поддржува реториката и постапките на бугарската влада“ насочени против нејзината земја. Според бугарскиот премиер Петков, реакцијата на Митрофанова е „недипломатска, остра и безобразна“. Затоа Бугарија го повикува својот амбасадор од Русија на консултации во Софија.
– Сите знаат што значи тоа на дипломатски јазик. Вообичаено, кога едната земја ќе го повика својот амбасадор на консултации, другата треба да го следи примерот и да го стори истото – изјави бугарскиот премиер Кирил Петков.
Ваквата постапка, Петков на одреден начин ја најави уште пред заминувањето за Брисел, кога одржа брифинг во владината зграда во Софија. Тогаш тој рече дека ќе има дипломатски одговор, во една или друга форма, на изјавата на руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова.
Според Петков, неприфатливо е, во кој било случај, странски амбасадор да зборува во име на бугарскиот народ против бугарската влада. Петков посочил на брифингот дека одлуката за дипломатски одговор е донесена на редовната седница на бугарската влада, но тогаш не прецизирал за што точно ќе станува збор.

И бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска пред два дена ги опиша изјавите на руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова, како „мешање во внатрешните работи на земјата“. Генчовска го кажа ова по учеството на состанокот на парламентарната комисија за надворешна политика.
Министерката Генчовска притоа коментирала дека на работна седница на бугарската влада се разговарало на темата, која ја соопштил и премиерот на Бугарија, Кирил Петков.
„Се разговараше за последните изјави на Митрофанова, кои се мешање во внатрешната политика на земјата. Ништо конкретно не се разговараше за неа“, рече шефот на бугарската дипломатија.
Разменувањето остри зборови и обвинувања на релацијата Софија – Москва дојдоа по одлуката на бугарската влада да протера 10 руски дипломати, со образложение дека извршуваат активности што се сметаат за некомпатибилни со нивниот дипломатски статус. Бугарското министерство за надворешни работи им даде на дипломатите 72 часа да ја напуштат земјата.
Коментирајќи ја ваквата одлука, премиерот Петков изјави дека „некои од протераните руски дипломати работеле во Софија на координирани хибридни напади во Бугарија“. Информацијата стигнала до него од бугарските служби.
„Сите овие хибридни напади, од нивна страна се управувани. Не може да има шпиони од друга држава што работат против интересите на Бугарија“, изјави Петков.
Претходно на 2 март, бугарското министерство за надворешни работи прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата и им даде 48 часа да ја напуштат земјата.

ТОП ВЕСТИ

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...

Шетала гола на улица со денови: Популарна актерка сместена на психијатрија (ФОТО)

Тинејџерската филмска ѕвезда Аманда Бајнс со денови бесцелно талкала низ улиците на Лос Анџелес, а потоа почнала да се шета целосно гола, по...

Битиќи со порака до компаниите: Не стравувам од вештачко враќање на цените, граѓаните нема да ја плаќаат цената

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, потенцира дека не стравува од вештачко враќање на цените на производите што сега се со замрзнати вредности. „Првите позитивни...