PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Сончево и топло, приквечер заладување и силен северен ветер

Jul 26, 2023

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. УВ индексот ќе биде 9.Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

џ

Утре во западните делови времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, во останатите сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/час). УВ индекост ќе биде 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ