Времето денес во земјава ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и во вечерните часови во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.