СОНК и МОН ќе преговарале уште 10 дена – наставниците и професорите гневни на раководството

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за образование и наука (МОН) на вчерашната онлајн средба се договорија преговорите меѓу СОНК и МОН да продолжат за уште десет дена.

Како што соопшти СОНК, на средбата, неминовен бил заклучокот дека двете страни на колективниот работен спор имаат потреба од поголем временски период од 10 дена, под покровителство на назначениот помирувач од Министерството за труд и социјална политика, а во рамките на рокот согласно член 27 од Законот за мирно решевање на работни спорови, со оглед на фактот што, како што наведуваат од СОНК, преговорите се движат во нагорна линија.

Со оваа препорака, појаснуваат од СОНК, предвидено е во дополнителните 10 дена, да се утврди процентот за усогласување на платите на вработените во дејностите основно и средно образование, како и дефинирање на крајни рокови за склучување на новите колективни договори за основно и средно образование.

– Содржината на препораката се утврдува со цел во понатамошните преговарања да не се почнува одново, туку од таму каде што е постигната согласност, а со цел изнаоѓање на оптимално решение за страните, во насока на одговорно разрешување на настанатиот спор, соопшти СОНК.

Работната средба меѓу СОНК и МОН се одржа вчера во попладневните часови преку електронски пат, во рамките на десетдневниот рок за помирување, за усогласување на платите на вработените во дејностите основно и средно образование, со пораст на минималната плата на национално ниво.

ТОП ВЕСТИ

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...

„ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“: Ќе наврнат над 40 литри воден талог, Попоски ги предупредува граѓаните, еве каде е најкритично!

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека поројно врнежи од дожд доаѓаат во земјава. Тој истакна дека во текот на денешниот ден на многу места во Македонија...

ВИДЕО: Маж загина набоден од бик на традиционалниот фестивал во Валенсија

Еден човек им подлегнал на повредите откако бил набоден од бик за време на фестивал во источна Шпанија, соопштија денеска властите. Жртвата, која не е именувана,...