Додека во соседството се укинуваат рестриктивните мерки против Ковид-19, се уште се чека зеленото светло од Владата за препораката од Комисијата за заразни болести.
Комисијата за заразни болести пред една недела препорача укинување на сите рестриктивни мерки за Ковид-19, освен задолжително носење маска во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и во домовите за стари лица.
Оваа препорака се очекува да се прифати на следниот состанок на Кризниот штаб, иако предлогот се уште не поминал таму. Од Владата за ТВ Сител не можат да потврдат дали тоа ќе помине на утрешната редовна владина седница.
Во сите земји од соседството се укинати сите рестриктивни мерки и условите за минување на границата, освен во Грција каде што се уште се бараат заштитни маски во затворен простор.