Состанок на Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со коронавирусот во државата. Засега остануваат да важат мерките за задолжително носење маска во јавниот превоз, здравствените домови, аптеките, домовите за стари лица и лица со попреченост. Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот. Чевртата доза можат да ја примат сите граѓани над 18-годишна возраст кои примиле три дози вакцина против ковид-19, на сите вакцинални пунктови без закажување.

Вакцинацијата со четврта доза, како што соопшти Министерството за здравство, е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци. За 45 проценти е зголемен бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава од понеделникот до вчера, иако нема пријавени починати лица во текот на оваа недела.

ТОП ВЕСТИ

Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи < Опсервер

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За...

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 12 септември < Опсервер

На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација. <!-- <!-- <!-- ...

Специјална соработка за паметниот проектор „The Freestyle“ < Опсервер

Samsung Electronics во соработка со светски познатата корејска група BTS најавија премиера на краток филм во кој SUGA (член на групата), како амбасадор...