PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Спасовски: Протестите мора да бидат мирни и демократски

Jul 5, 2022

Граѓаните имаат право на протест и тоа право никој не може да го суспендира. Меѓутоа протестите мора да бидат мирни и демократски, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку неговиот официјален фејсбук-профил.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

– Апелирам до политичките субјекти, организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, да ги сочуваме, редот, мирот и безбедноста. Насилството кон оние кои го оддржуваат редот – врз македонската полиција, врз институциите нема да придонесе кон ништо, рече Спасовски.

Тој наведе дека има најави за радикализација на протестите од одредени политички субјекти, во смисла на напади врз полициски службеници и витални објекти на институции.

Вчера, подвлече министерот Спасовски, имавме обид за ескалација, имаме четворица повредени полициски службеници, а самото тоа покажува дека преку насилство не може да се постигне ништо, туку треба да се разговара во институциите на системот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ