Спасовски: Упатувам апел за мирен протест

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-профил упати апел за практикување на мирен протест како дел од дијалогот, напиша

Тој наведува дека дијалогот продолжува на денешните собраниски седници на кои е најавено обраќање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на кои ќе се расправа за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година.

Иако ниту вечерашниот, ниту протестите во изминативе неколку дена не беа уредно пријавени, наспроти неодговорноста на организаторите, пишува Спасовски, повикувам на свесност и одговорност во постапките. Никогаш поважни и порешавачки не биле европските вредности и социо-културни манири од сега – моментум кога демократските процеси мора да течат непречено.

„Почитувани граѓани, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, сите граѓани на Република Северна Македонија, Ве уверувам, македонската полиција останува на нивото на својата задача во заштитата на уставно загарантираното право на протест на граѓаните и, секако, на безбедноста на институциите и граѓаните“, напиша Спасовски на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...

„ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“: Ќе наврнат над 40 литри воден талог, Попоски ги предупредува граѓаните, еве каде е најкритично!

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека поројно врнежи од дожд доаѓаат во земјава. Тој истакна дека во текот на денешниот ден на многу места во Македонија...

ВИДЕО: Маж загина набоден од бик на традиционалниот фестивал во Валенсија

Еден човек им подлегнал на повредите откако бил набоден од бик за време на фестивал во источна Шпанија, соопштија денеска властите. Жртвата, која не е именувана,...