[ad_1]
Милан и Интер одиграа одлично дерби со пет гола и многу возбудува, а на крајот како победници излегоа „росонерите“ (3:2).
Натпреварот започна одлично за Интер, кој после 20 минути игра преку Брозовиќ дојдоа во водство.
Тоа беше единствената грешка која ја направи Милан во првиот дел и до крајот создаде неколку одлични шанси. Израмни Леао и на одмор се замина со резултат 1:1.
Во вториот дел Интер немаше решение за расположениот Леао, кај најпрво му асистираше на Жиру за 2:1, а потоа сам ја измеша целата одбрана и погоди за 3:1.
Кога се чинеше дека Милан лесно ќе дојде до победата Интер се разбуди во последните дваесетина минути, намали преку Џеко и имаше два добри шанси, но не успеа да дојде до реми.