Србија се усогласи со санкциите на ЕУ кон Белорусија


Фото: Архива

Србија се усогласи со санкциите воведени од Европската унија кон Белорусија во април годинава поради „ситуацијата во Белорусија и вмешаноста на Белорусија во руската инвазија на Украина“, пишува порталот European Western Balkans (ЕВБ), пренесува МИА.

Во прашање е Одлуката 2022/579 на Советот на ЕУ, која беше усвоена на 8 април, а две недели подоцна, на 22 април, на веб-страницата на Советот беше објавено дека Србија, Албанија, Црна Гора, Република Македонија и Босна и Херцеговина се усогласиле со оваа одлука.

Ова е вторпат Србија да се усогласува со санкциите на ЕУ поврзани со војната во Украина, по одлуката од март за продолжување на важењето на рестриктивните мерки на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович и водечките членови на украинското раководство од 2010-2014 година.

Со одлуката на Советот на ЕУ на 8 април се воведуваат секторски санкции за белорускиот финансиски и транспортен систем како реакција на вмешаноста на Белорусија во руската агресија врз Украина, се наведува во образложението.

Според истражувањето на Центарот за меѓународни и безбедносни прашања (ИСАК), Србија доследно се ускладувала со рестриктивните мерки на ЕУ кон Белорусија се до април 2019 година, кога не се усклади со декларацијата, односно Одлуката 325 на Советот на ЕУ, која само ги продолжи санкциите.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...