САД– Американскиот државен секретар Антони Блинкен во Вашингтон се сретна со претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
На средбата се разговарало и за важноста на дијалогот што го води ЕУ со цел нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, што е фокусиран на заемно признавање на патот кон евроатлантските интеграции.