PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Средба Нуредини – Беџети, разговараа за подобрување на животната средина во општина Сарај

Jan 27, 2022
Градоначалникот г. Блерим Беџети заедно со секретарот на општината г. Сефи Шабани и претседателот на општинскиот совет г. Муахамед Рамадани реализираа работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање г. Насер Нуредини.
Тема на разговор беше можноста за подобрување на животната средина во нашата општина. Имено, како конкретни инфраструктурни проекти се разговараше за: Втората фаза за изградба на водоснабдувачот со кој ќе се подобри снабдувањето со вода за пиење во населените места: Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарца.
Друг проект од особено значење за кој разговаравме беше изградбата на коритото на „Реката“ заедно со колекторот за собирање на фекалната вода, кој поминува од населеното место Бојана и оди до реката Треска.
Општина Сарај ќе ја продолжи соработката со институциите за реализација на проекти кои имаат за цел подобрување на инфраструктурните услови и заштита на животната средина.
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ