Средба Османи- Пич

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, се сретна со специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, надлежен за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, кој е во прва работна посета на нашата земја.

Соговорниците разменија мислења за актуелните внатрешно – политички состојби во земјава, но и во регионот, како и за можностите за соработка со Обединетото Кралство за темите од заеднички интерес меѓу двете земји.

Османи го запозна специјалниот пратеник Пич за спроведувањето на реформите од европската агенда, со посебен акцент на обновениот дијалог со соседна Бугарија и воспоставувањето на солидна основа за јакнење на довербата и соработката во клучните сектори од интерес и унапредувањето на добрососедските односи.

Двајцата соговорници се осврнаа и на безбедносните предизвици со кои се соочува Регионот на Западен Балкан. Притоа, специјалниот пратеник Пич ја реафирмираше силната посветеност на Обединетото Кралство во Регионот и неговата улога во процесот на одржување на безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан.

Традиционалното пријателство и партнерство меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство во изминатите три децении се рефлектира преку интензивен политички дијалог и одлична трговска и секторска соработка, коja ќе се надградува понатаму со можностите кои ги нуди Билатералната Спогодба за трговија, партнерство и соработка меѓу нашите две земји. Постои висок интерес за јакнење на силните трговски релации, при што Обединетото Кралство продолжува да биде нашиот втор најголем трговски партнери еден од најголемите странски директни инвеститори во нашата земја.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...