Средба Рама-Курти во Тирана

Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е во посета на Тирана, по средбите со шефот на државата Бајрам Бегај и претседателката на парламентот Линдита Никола, се сретна и со својот колега Еди Рама.-Со мојот специјален пријател, премиерот на Косово, Албин Курти, за време на денешниот ручек на кој детално разговаравме за Охридскиот договор и натамошниот напредок во процесот на неговата имплементација, напиша Рама на Фејсбук.

На Албин му ги изразив сите мои симпатии за храброста и реализмот со кои тој направи важни чекори кон нормализација на односите со Србија. Го охрабрив премиерот да преземе понатамошни чекори, како за гаранција на српските општини во рамките на асоцијација која го гарантира  самоуправувањето на српската заедница, како и функционирањето  со потребните гаранции, на Српската црква во нејзините верски објекти и нејзините  богослужби во Косово, уверувајќи го дека во овој не лесен процес ја има мојата целосна поддршка, пишува Рама.Додава дека се договориле следната заедничка седница на владите на двете земји да се одржи во јуни.Ова ќе биде деветта заедничка седница на двете влади, по онаа во јуни минатата година.Првата заедничка седница се одржа на 11 јануари 2014 година во Призрен и беше водена од тогашните претседатели на двете влади, Хашим Тачи и Еди Рама, кои тој настан го оценија како „историски“.За првпат заедничка седница одржаа и парламентите на двете земји на 27 ноември минатата година во Тирана ден пред одбележувањето на денот на независноста на Албанјја, 28 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ утре одбележува 21 годишнина од своето постоење

Демократската унија за интеграција (ДУИ)  утре на 5 јуни по повод 21-годишнината од своето постоење со свечен коктел во хотелот " Александар палас" во...

Славната пејачка се обрати кон хејтерите: „Јас сум во мојата дебела фаза, па што?“

Музичарката со албанско потекло Бебе Реџа сподели фотографија од нејзиниот стомак на Твитер откако видела како луѓето го бараат нејзиното име со зборот „дебела“...

Директорот на Nvidia: Секој може да програмира со помош на вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција значи дека секој сега може да биде компјутерски програмер бидејќи сè што треба да направи е да „разговара со компјутерот“, изјави денеска...

Зеленски: Најмалку 500 украински деца загинаа во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека најмалку 500 украински деца биле убиени во војната на Русија против неговата земја. Тој го изјави ова...