Ставен под контрола пожарот кај селото Ѓавото, во Кочани од невремето поплавени домови

Пожарот кај селото Ѓавото е ставен под контрола, но, како што информираа утринава од Центарот за управување со кризи, ситуацијата зависи од евентуалното јако дување на ветерот.

– Утрово во 5:30 часот екипи на ТППЕ Гевгелија, доброволното противпожарно друштво Дојран, екипи на ТППЕ Струмица и Кавадарци, како и Шумско стопанство – Гевгелија, дел од месното население или околу 55 луѓе се на терен. Надмината е опасноста која цела ноќ му претстоеше на селото Ѓавото, пожарот е концентриран на сртот на ридот на месноста викана Погана. Сите дејствуват во содејство со хеликоптер од Армијата, кој досега има направено шест прелети и истурени се шест ведра вода, информираа утринава од ЦУК за МИА.

Оттаму информираа дека од синоќешното невреме проследено со град и и дожд, поплавени се објекти во Кочани. Територијалната противпожарна единица од Кочани од 21:45 часот интервенирала на повеќе локации како ресторанот „Але Дар“ и повеќе улици каде имало поплавени домови. Паднати дрвја биле отстранети од улицата „Димитар Влахов“, од Монополски Бавчи, од улицата „Теодосија Панунов“ и од улицата „Скопска“ број 4, каде имало паднато дрво врз два автомобила. На улицата „Киро Кикенски“ бр.25 имало пожар на запалено борче од жиците за електрична енергија, кое по кратко време било изгаснато, додека на улицата „Скопска“ бр.40 се интервенирало на запалено електрично броило. Со овие интервенциии, како што информира ЦУК, е завршено во 1:45 часот. Последна интервенција била во 2:15 часот на обиколницата кај компосарата од кај Виничко, каде имало паднато поголемо дрво, при што има прекин во сообраќај за исклучок од градот Кочани.

-Во интервенцијата учествуваа сите 15 пожарникари од ТППЕ Кочани, 22 пожарникари од доброволното противпожарно друштво и четворица пожарникари од ТППЕ Штип, информира ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...